SportM
Фудбал

Навивачите ги рангираат Топ 20 фудбалски тренери

Д М7 апр 2020
Навивачите ги рангираат Топ 20 фудбалски тренери

Фудбалските навивачи го изгласаа германскиот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, за најдобар тренер во светот.

Германскиот стратег, кој го презеде Ливерпул во 2015 година, освои торфеи во Лигата на шампионите, Европскиот Супер куп, Светско клубско и ја освои наградата ФИФА за најдобар тренер.

Двократниот освојувач на Бундеслигата со Борусија Дортмунд, Клоп, беше близу до освојување на првата титула од Премиер лигата, која Ливерпул ја чека 30 години, но сезоната е прекината поради ширењето на коронавирусот.

Според навивачите Клоп е најдобар тренер во светот, а по него следат Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан, двајцата тренери кои имаат пишувано фудбалска историја со Барселона и Реал Мадрид.

Диего Симеоне, кој го елиминираше Клоп и Ливерпул од Лигата на шампионите во 1/8 финалето минатиот месец, е четврти, додека Жозе Мурињо се спушти на деветтото место.

Најдобри 20 фудбалски тренери, според навивачите на Ранкер:

1. Јирген Клоп
2. Пеп Гвардиола
3. Зинедин Зидан
4. Диего Симеоне
5. Карло Анчелоти
6. Антонио Конте
7. Дидиер Дешамп
8. Луис Енрике
9. Жозе Мурињо
10. Масимилијано Алегри
11. Томас Тухел
12. Фернандо Сантос
13. Герет Саутгејт
14. Златко Далиќ
15. Маурицио Сари
16. Роберто Мартинез
17. Ерик тен Хаг
18. Јоаким Лев
19. Клаудио Раниери
20. Роберто Манчини

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.