SportM
Фудбал

Навивачите на Баерн бараат прекин на Бундеслигата

Д М12 мар 2020
Навивачите на Баерн бараат прекин на Бундеслигата

Бундеслигата се игра пред празни трибини, оваа одлука ја донесе германската фудбалска федерацја, но навивачите на Баварскиот гигант излегоа со поинакво барање – да се прекине првенството.

„Го критикуваме моментното решение за мечеви без публика и ја повикуваме Федерација за итен прекин на шампионатот. Погледнете во Италија, земјата е во вонредна состојба. Многу луѓе, вклучително и навивачите, максимално се солидаризираат и својот социјален живот го ставаат во втор план. Не станува збор за страв да не бидат заразени, туку за заштита на ризичните групи и спречување на оптоварување на здравствениот систем“, се вели во реакцијата на фановите на Баварците.

Тие соопштија дека нема да патуваат организирано во Берлин на саботниот меч против Унион, но и дека претстојните мечеви нема да ги гледаат заеднички пред „Алијанц арена“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.