SportM
Фудбал

Навивачите на Баерн привлекоа огромно внимание со транспарентот кој го истакнаа во 26. минута

Д М14 сеп 2022
Навивачите на Баерн привлекоа огромно внимание со транспарентот кој го истакнаа во 26. минута

Навивачите на Баерн протестираа поради влијанието врз фудбалските навивачи од смртта на кралицата Елизабета Втора, развиорувајќи транспарент на вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Барселона, повикувајќи ги властите „да ги почитуваат навивачите“.

 

Сите натпревари во Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска беа одложени минатиот викенд по смртта на британската кралица на 96-годишна возраст минатиот четврток.

 

Натпреварите следниот викенд се играат, со исклучок на Челзи – Ливерпул и Манчестер Јунајтед – Лидс Јунајтед кои беа одложени бидејќи полицијата беше пренасочена да го покрие погребот на кралицата.

Домашниот натпревар на Арсенал во Лига Европа против ПСВ Ајндховен во четврток исто така е одложен бидејќи се очекува повеќе од милион луѓе да патуваат во Лондон во наредните денови за да и оддадат почит на кралицата.

 

Во 26. минута од натпреварот од 2. коло од групната фаза против Барселона на „Алијанц Арена“, навивачите на Баерн развиорија транспарент на кој пишуваше „Одложувања и забрани во последен момент поради смрт на кралевите – почитувајте ги навивачите“.

Со оглед на тоа што натпреварот од групата А од Лигата на шампионите помеѓу Ренџерс и Наполи во Глазгов беше одложен за 24 часа за среда, а на навивачите кои патуваат им беше забрането да присуствуваат на Ајброкс, можно е протестот на Баерн да бил токму поради таа одлука.

 

Во најавата за 24-часовно одложување на натпреварот на Ајброкс, УЕФА исто така потврди дека на навивачите на Ренџерс нема да им биде дозволено да патуваат во Италија на реваншот против Наполи за да се осигураат дека двата клуба и двете навивачки групи имаат еднаков третман.

 

Што се однесува до натпреварот помеѓу Баерн и Барселона, домашната екипа победи со 2:0, а двата гола беа постигнати во вториот дел. Баерн поведе со голот на Лукас Ернандез во 50. минута, а четири минути подоцна Лерој Сане го постигна конечниот гол.

 

Баерн има шест бода, а Барселона три. Во групата Ц се и Интер и Пилзен. Нивниот натпревар од 2. коло денеска се одигра нешто порано во Чешка.

Нè очекува уште еден лигашки викенд, а потоа фудбалерите ширум светот се враќаат во своите земји на репрезентативни собири.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.