Навивачите на Челзи веднаш покажаа што мислат за Стерлинг

Рахим Стерлинг е нов играч на Челзи.
Стерлинг реши да го напушти Манчестер Сити откако му стана јасно дека повеќе нема минутажа во овој клуб како порано, па среќата ќе ја бара во редовите на лондонските сини.
Доаѓањето на Стерлинг предизвика еуфорија кај навивачите на Челзи, а за тоа сведочат и сцените од САД каде Челзи се подготвува.
Пред тренингот на тимот, Стерлинг беше пречекан од голем број навивачи на тимот од Лондон со желба да добие автограм и фотографија.
🚨 Raheem Sterling is greeted by the Chelsea fans in LA ahead of his first training session. 🇺🇸
(🎥 @ChelseaFC) pic.twitter.com/MePQshP1Ac
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 13, 2022
Стерлинг би можел да биде добро засилување за Челзи, а според првите слики навивачите со ентузијазам го дочекале неговото доаѓање.
Англискиот репрезентативец за „граѓаните“ настапи на 339 натпревари во изминатите седум сезони и постигна 131 гол. Тој освои четири шампионски титули и седум други трофеи.
Стерлинг повеќе ќе заработува во Челзи отколку во Сити. Неговиот договор чини 300.000 фунти неделно, а сега во неговиот поранешен клуб заработуваше 200.000 фунти неделно.



