Навивачите на Ливерпул и Лидс се обидоа да го запрат автобусот со играчите

Ливерпул вчера ремизираше со Лидс и повторно ги разочара своите навивачи.
Навивачите и онака се огорчени од клубот, а 1:1 дефинитивно ги задоволи само гостите.
Вчера беше бурно на стадионот на Ливерпул. Суперлигата е главна тема во светот на фудбалот, а навивачите на Ливерпул се експлицитно против идејата, иако нивниот клуб веќе даде согласност да игра во ова натпреварување. Тие ги зедоа транспарентите што ги поставија на стадионот и јасно ставија до знаење дека клубот веќе ја нема нивната поддршка.
Вчера навивачите на двата клуба се обидоа заеднички да спречат автобус со играчи на Ливерпул да влезе на стадионот.

Како што е веќе познато, новото натпреварување го формираа 12 европски великани кои се надеваат дека ќе им се придружат уште осум клуба и дека ќе започнат да го играат што е можно поскоро.
„Дванаесет најважни клубови во Европа денес постигнаа договор за започнување на ново натпреварување – Суперлигата, со која ќе управуваат клубовите основачи. Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челзи, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Тотенхем се обединети како основачи и уште три клуба ќе бидат поканети да се приклучат пред инаугуративната сезона, која ќе започне што е можно поскоро“, се вели во заедничкото соопштение на 12-те клубови основачи.
Форматот на натпреварувањето е исто така познат. Вкупно 20 клуба ќе бидат поделени во две групи од по десет екипи. По групната фаза, трите првопласирани екипи одат директно во четвртфиналето.
Четвртиот и петтиот од секоја група ќе игра плејоф за четвртфиналето. Откако ќе бидат познати сите четвртфиналисти, ќе се играат полуфиналиња, по што ќе следат финалињата на неутрален терен.
Главниот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез е избран за прв претседател на Суперлигата, додека неговите заменици се Андреа Ањели од Јувентус и Жоел Глејзер од Манчестер Јунајтед.



