Навивачите на Манчестер Јунајтед не се најзадоволни од денешниот состав

Манчестер Јунајтед денеска од 15 часот игра против Саутемптон во 2.коло од англиската Премиер лига.
Јунајтед го декласираше Лидс со 5-1 на отворањето на сезоната и навивачите уживаа во три гола на Бруно Фернандеш и четири асистенции на Пол Погба на „Олд Трафорд“.
Исто така, уживаа за првпат да го гледаат Џејдон Санчо, кој пристигна како големо засилување од Борусија Дортмунд. Потоа влезе од клупата, но се очекуваше да биде стартер денес.
Сепак, Оле Гунар Солскјер повторно го остави на клупата, а интересно е што таму е и Рафаел Варан. Французинот кој дојде од Реал Мадрид ја чека својата шанса, додека Виктор Манделоф е во тандем со Магваер.
Од првата минута наместо Даниел Џејмс ќе игра Антони Марсијал, а стартер е Немања Матиќ.
Away day ready 👊
Presenting your #MUFC starting XI for #SOUMUN 👇
— Manchester United (@ManUtd) August 22, 2021



