SportM
Фудбал

Навивачите на ПСЖ бесни на Нејмар: Што правеше Бразилецот вчера во Барселона?

Д М22 окт 2018
Навивачите на ПСЖ бесни на Нејмар: Што правеше Бразилецот вчера во Барселона?

Минатиот викенд ПСЖ на домашен терен го победи Амиен со 5:0, а натпреварот го пропушти најскапиот играч во историјата, Нејмар.

По репрезентативната пауза, Нејмар се вратил во Париз, но не бил на натпреварот против Амиен. Во последно време има шпекулации дека Бразилецот сака да се врати во Барселона и не е задоволен од дресот на француските шампиони.

Сепак, Нејмар ги негираше тврдењата дека сака да се врати во Барса и рече дека тоа се измислици на шпанските медиуми. Но бразилскиот фудбалер уште повеќе ја вжешти атмосферата во јавноста, откако отпатува во Барселона, каде што се дружеше со поранешните соиграчи.

Нејмар одлучил да прошета по улиците на каталонскиот град со тимски колега од репрезентацијата, Артур Мело и привлекоа големо внимание. Сепак, она што ги налути навивачите на ПСЖ е дека тој јавно одлучил да каже дека е во Барселона, што не му се допаднало многу.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.