Навивачите на солунски ПАОК со транспарент: Македонија е една и е овде

Плакат со натпис на англиски јазик „Македонија е една и единствена и е овде“ (Macedonia is one and only and it’s here) поставија навивачите на ПАОК за време на вчерашниот фудбалски натпревар со холандски Ајакс во квалификациите за Лигата на шампиони.

-текстот продолжува по рекламата-

Паното со слоганот, на трибината на стадионот „Тумба“ во Солун беше поставено пред почетокот на натпреварот и остана таму сѐ до крајот.

Станува збор за истото пано кое навивачите на солунскиот фудбалски клуб и во минатото го поставуваа на трибината кога беа домаќини, како за време на натпреварите со европски екипи, така и за време на оние од домашното првенство, jави дописничката на МИА од Атина.

Совет за етика во медиумите
Loading...