Connect with us

Фудбал

Навивачите на Валенсија обвинети за расизам ослободени од притвор

Шпански судија им забранил да се обидат да комуницираат со Винисиус. Тие, исто така, добија привремен полициски час од еден километар околу стадионот и тренинг објектите на Реал Мадрид и да останат на исто растојание околу кој било фудбалски стадион четири часа пред и четири часа по натпреварот од шпанската лига.

Во соопштението на судот се наведува дека против тие четири лица се води истрага поради обид за нарушување на моралниот интегритет на бразилскиот фудбалер.

Како што се додава, овие лица решиле да не одговараат на прашањата на судијата при првото појавување пред судот, согласно нивните уставни права.

Инцидентот се случи на 26 јануари пред дербито помеѓу градските ривали Атлетико и Реал, но полицијата ги уапси сторителите дури во вторникот, по негодувањето во јавноста и дополнителните расни навреди што ги доби Винисиус за време на натпреварот против Валенсија викендот.

И во вторникот полицијата приведе три лица кои го навредуваа Винисиус на Местаља, но тие набрзо беа ослободени.

Откако 22-годишниот Винисиус се пресели во Реал од Бразил пред пет години, тој често беше расно малтретиран од навивачите.

Advertisement