SportM
Фудбал

Навивачите се враќаат на трибините, но нема радост поради тоа

Д М25 ное 2020
Навивачите се враќаат на трибините, но нема радост поради тоа

Фановите на Премиер лигата ќе се вратат на стадионите по скоро девет месеци.

Британската влада донесе одлука да дозволи враќање на трибините, а од 2 декември 4.000 навивачи ќе можат да ги следат натпреварите.

Сепак, правилата се многу строги и навивачите не се радуваат премногу поради тоа што пишува во протоколот, но ќе мора да ги почитуваат доколку сакаат да ги следат натпреварите во живо.

Секој навивач ќе мора да ги потпише правилата на влезот на стадионот. Ќе се пополни и прашалник за здравјето, а она што е многу бизарно е што буквално не им е дозволено да зборуваат на стадионот.

На присутните на трибините нема да им биде дозволено да навиваат, да викаат. Луѓето под дејство на алкохол нема да можат да присуствуваат на натпреварите и тивките луѓе ќе имаат предност.

Маската ќе биде задолжителна за време на нивниот престој на стадионот, а навивачите ќе можат да носат со себе средства за дезинфекција на рацете.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.