НБА во Европа, шест мечеви во следните три години!
E R31 јул 2025

Фото: tv21m
Шест натпревари од регуларната сезона на НБА-лигата ќе се одржат во Европа во следните три години.
Во првиот натпревар, кој ќе се одржи на 15 јануари 2026 година во Берлин, Орландо ќе игра против Мемфис. Истите тимови ќе се сретнат на 18 јануари во Лондон.
Во 2027 година, натпреварите ќе се одржат во Манчестер и Париз, а во 2028 година – во Берлин и Париз. Во моментов, учесниците на овие натпревари не се одредени.
Последните НБА натпревари во Европа беа натпреварите на Сан Антонио и Индијана, кои се одржаа во јануари 2025 година во Париз.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



