НБА ѕвезда се обиде со атрактивно забивање, но се посрамоти, му се смееше и неговиот тим (ВИДЕО)

Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Тари Исон, ги насмеа соиграчите и навивачите. Во победата над Лос Анџелес Клиперс, сам трчаше кон кошот, се обиде да забие со „ветерница“, но потоа топката му испадна од рацете.
Сè се случи на почетокот на последната четвртина од натпреварот што Хјустон го доби со 116:104. Исон на средината од теренот му ја одзеде топката на Китон Ваглер и тргна во контранапад, а ниту еден противнички играч не беше ниту блиску до него.
TARI EASON WINDMILL DUNK 🔥🔥🔥 https://t.co/YRXQG04P28
— BrickCenter (@BrickCenter_) November 24, 2026
Наместо едноставно полагање, тој се обиде да забие со „ветерница“ од левата страна на обрачот, но ја загуби топката во воздух, а клупата на Хјустон избувна во смеа.
Но, тука не беше крајот. Исон за само пет секунди направи чекори што судиите не ги досудија, го промаши забивањето, ја загуби топката и направи прекршок. Навивачите на социјалните мрежи веднаш ја прогласија снимката за кандидат за рубриката „Shaqtin’ a Fool“, во која Шекил О’Нил ги прикажува најсмешните грешки во НБА-лигата.
Промашувањето не влијаеше врз конечниот исход бидејќи Хјустон во тој момент веќе имаше водство, а Исон, и покрај овој момент, одигра корисен натпревар. Влегувајќи од клупата, за 22 минути постигна 10 поени, со шут од поле 4/8 и две погодени тројки, на кои додаде четири скока, четири асистенции и две украдени топки.
Најдобар кај Хјустон беше Кевин Дурент со 32 поени, а Рокетс сега имаат скор од 13 победи и 5 порази.



