„Не е катастрофа ако не ја освојам Лигата на шампионите“, вели Гвардиола
Д М30 сеп 2019

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за натпреварот против Динамо Загреб. Повторно беше прашан за фактот што тој ја нема освоено ЛШ долги години и техничкиот одговор беше доста интересен.
„Тоа е убав трофеј и го сакам, но мојот живот нема да биде катастрофа ако не го освојам. Сити оди напред. Ајде да играме добро и да видиме колку далеку можеме да стигнеме“, рече Гвардиола.
„Не разбирам зошто нашите навивачи не се многу мотивирани за ЛШ, можеби тоа што претходните генерации не го вкусија поинаку од Јунајтед или Ливерпул. Нам ни требаат навивачи и ни треба максимална поддршка”, изјави Шпанецот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



