Connect with us

Фудбал

Не е ни чудо што скоро банкротираа: Меси му ја „зеде душата“ на Барселона во 2017 година

Published

on

Лионел Меси има договор со Барселона до крајот на оваа сезона, по што постои голема можност тој да го напушти клубот.

Меси ова лето сакаше да ја напушти Барселона, но тогаш челниците на клубот не сакаа да го одобрат раскинувањето на неговиот договор. Но, Аргентинецот се уште нема донесено одлука каде да игра следната сезона, и најверојатно ќе го стори тоа во текот на летото.

Шпанските медиуми вчера објавија дека Меси добил огромна сума пари кога во 2017 година се согласил да го продолжи договорот со Блауграна.

Во тоа време, на Меси му беше исплатена премија од дури 39 милиони евра затоа што го продолжи договорот, а годишната плата се зголеми на неверојатни 100 милиони евра бруто.

Исто така, на крајот на оваа сезона, Барселона е обврзана да му плати на Меси уште 39 милиони евра за лојалност кон клубот, но тие се согласија оваа сума да биде платена во следните четири години преку неколку рати.

Advertisement

Facebook