SportM
Фудбал

Не е среќен во Реал Мадрид, заминувањето во јануари е неизбежно: Новата дестинација ќе биде Серија А

SPORTM.mk2 окт 2026
Не е среќен во Реал Мадрид, заминувањето во јануари е неизбежно: Новата дестинација ќе биде Серија А

Ендрик поминува низ многу тежок период по враќањето во Реал Мадрид по позајмицата што ја имаше половина од минатата сезона во Лион. Бразилецот не е дел од плановите на тренерот Жозе Мурињо и досега е активен само 4 минути оваа сезона.

„Диарио АС“ известува дека бразилскиот напаѓач ќе одлучи за својата ситуација штом сезоната ќе стигне на половина пат, оставјќи ја отворена можноста за заминување за време на јануарскиот преоден рок. Трансферот во Рома изгледа како најверојатна дестинација, клуб кој го бараше континуирано и за време на летото, а интересот за него продолжува да биде голем.

За разлика од претходниот пат, овој пат Ендрик може да си замине дефинитивно од Реал Мадрид. Најверојатната опција е позајмица со право на откуп на крајот од сезоната, за разлика од минатата година кога имаше само обичен заем во Лион.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.