Не го нарекуваат попусто „Лудакот“, селекторот на Уругвај во свој елемент: Не сум ви јас манекен!

Марсело Бјелса, кој што популарно го нарекуваат „Лудакот“, на актуелното Светско првенство ја предводи селекцијата на Уругвај, со која во првото коло разочара и освои само бод против Саудиска Арабија.
На прес-конференцијата по натпреварот, посебна тема беше официјалната фотографија на Бјелса направена од ФИФА и објавена на нејзината страница.
Имено, на таа фотографија Бјелса воопшто не гледа директно во камера, бидејќи избегнал да позира за фоторепортерите. На официјалната фотографија, со рацете во џебовите, тој гледа надолу.
„Немам објаснување што би можел да ви понудам. Направија фотографија како што секогаш прават. Јас не сум манекен. Застанав пред нив и тоа е фотографијата што ја направија“, изјави Бјелса.
„Немаме обврска да глумиме манекени и кукли, ниту да ги почитуваме нечии претензии кои немаат никаква основа“, додаде тој.
Многумина сметаат дека Бјелса на овој начин сакал да испрати порака против одржувањето на Мундијалот во Америка, поради прекумерната комерцијализација и политичките ставови. Тој претходно често ја критикувал одлуката на ФИФА Светското првенство да се организира во САД.
Поврзано
Поврзани вести

Целиот свет ве гледа, продолжете да играте – Инфантино влегол во соблекувалната на Иран (ВИДЕО)

Со 40 години дебитираше на Светско, плачеше поради неговата мајка, а за 90 минути доби 1 милион следбеници – Кој е Возиња, голманот кој ги одбрани сите удари на Шпанија (ВИДЕО)

