SportM
Фудбал

Не им го прости дебаклот, претседателот на државата ја исфрли ѕвездата од националниот тим и ја суспендираше целата репрезентација

E R1 јан 2026
Не им го прости дебаклот, претседателот на државата ја исфрли ѕвездата од националниот тим и ја суспендираше целата репрезентација

Фудбалската репрезентација на Габон беше елиминирана од Африканскиот куп на нации 2025 во Мароко уште во групната фаза, без освоен бод.

Катастрофалниот настап на „Пантерите“ предизвика бурни реакции во земјата, а кризата кулминираше со одлуката на владата да го распушти стручниот штаб и да ја суспендира националната репрезентација.

Габонската влада на 1 јануари 2026 година преку соопштение објави распуштање на тренерскиот персонал, како и исклучување на најголемата ѕвезда на репрезентацијата, Пјер-Емерик Обамејанг, и капитенот Бруно Екуле Манга од националниот тим. Соопштението брзо беше тргнато од социјалните мрежи, но претходно беше објавено од бројни локални медиуми.

Габон го заврши турнирот со три порази во исто толку натпревари. Последниот удар дојде во среда, на 31 декември 2025 година, кога „Пантерите“, иако веќе елиминирани, беа поразени од Брегот на Слоновата Коска со 3:2, поради тоа што во текот на натпреварот го испуштија водството од 2:1.

На овој начин, репрезентацијата го напушти Африканскиот куп на нации без освоен бод, а дополнителни контроверзии предизвика одлуката на Обамејанг да му биде дозволено порано да го напушти турнирот по натпреварот против Мозамбик.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.