Не можеше да посака поголемо засилување: Одлична вест за Гвардиола

Манчестер Сити е најголем фаворит за првенството на Англија оваа сезона. Точно, Граѓаните моментално се на второто место зад фантастичниот Ливерпул, но сега тренерот Пеп Гвардиола ќе добие големо засилување.
Всушност, неговиот брилијантен играч од средниот ред Кевин Де Брујн се враќа на теренот многу порано отколку што се очекуваше.
Де Брујн заработил повреда на коленото во средината на август, а потоа беше предвидено дека ќе паузира најмалку три месеци.
Сепак, неговото закрепнување очигледно одлично тече, но тој сега е многу блиску до враќање на тренингот, што значи дека наскоро ќе го видиме на теренот. Добра вест за Сити се и дека Бенџамин Менди е блиску до враќање на теренот.
“Сè е во ред, Кевин во моментов ги прави последните чекори пред да се врати на тренинг со тимот. Истата ситуација е и со Менди”, изјави тренерот на Сити.
Менди и Де Брујн го пропуштаат натпреварот со Брајтон, но јасно е дека Гвардиола наскоро ќе ги има на располагање овие два големи играчи кои понатаму ќе ги зајакнат Граѓаните.



