SportM
Фудбал

Не, не е шега! Човекот кој ја одбележа ерата во Реал оди во Манчестер Јунајтед

Д М17 окт 2019
Не, не е шега! Човекот кој ја одбележа ерата во Реал оди во Манчестер Јунајтед

Иако постојано троши огромни суми пари на нови засилувања, Манчестер Јунајтед е далеку од врвот на англискиот и европскиот фудбал.

„Црвените ѓаволи“ нема да заштедат пари во јануари а на „Олд Трафорд“ би можел да пристигне Тони Крос, човекот кој ја одбележа ера во Реал Мадрид.

Поточно, кралевите би можеле да го искористат Кроос како дел од трансферот за Пол Погба, кој сакаат да го видат на „Сантијаго Бернабеу“.

Црвените ѓаволи исто така беа заинтересирани за Германецот во претходните години, но безуспешно се обидоа да го доведат. Сепак, сега работите се променија.

Погба се уште е најголемата желба на Зинедин Зидан, а не е исклучена можноста францускиот играч од средниот ред и Крос да ги заменат дресовите во јануари.

29-годишниот Крос пристигна во Реал во 2014 година и беше еден од клучните играчи во тимот кој ја освои Лигата на шампионите трипати по ред.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.