Поврзи се со нас

Фудбал

„Не се освојува титула со Мегваер и Линделоф“

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил од време на време со своите изјави знае дека предизвикува порој дискусии на Островот.

Фудбалерот на Јунајтед од ерата на големиот Фергусон имаше голем број критики за неговиот поранешен клуб по поразот од викендот од Кристал Палас (1:3).

Двајца фудбалери беа особено сериозно погодени од неговите критики, а оние кои се подобро запознати со ситуацијата во и околу тимот од „Олд Трафорд“ можат да погодат за кои играчи станува збор …

“За време на преодниот рок, сите зборуваа за доаѓањето на Санчо, но приоритет на клубот и менаџерот треба да биде да купат централен дефанзивец. Додека не најдат играч кој е брз и кој добро се справува со ситуации еден на еден, тој никогаш нема да ја освои шампионската титула”, беше директен. Невил, но тоа не беше сè. Особено популарен беше стоперскиот тандем Мегваер-Линделоф.

“Тие се сличен тип на играч. Во тимот има простор само за еден. Пред неколку години, Јунајтед имаше еден брз играч во тандем и оној кој ја елиминираше опасноста при скок. Ниту Линделоф ниту Мегваер немаат брзина што ја бара модерниот фудбал”, рече Англичанецот.

Advertisement

Facebook

Реклама