Не смее така облечена на стадион, има деца – Актерка од филмовите за возрасни на трибините на Светското првенство (ВИДЕО)

Навивачите добија повеќе отколку што очекуваа кога пред стадионот во Мајами ги пречека бујната порно ѕвезда Раиса Белини – само со шал преку градите.
Раиса Белини допатувала во Флорида за да го гледа натпреварот меѓу Уругвај и Зелено ртски острови. Оваа 37-годишна Италијанка не им оставила многу простор на навивачите за фантазија. На себе имала само тесни тексас шорцеви и шал, привлекувајќи големо внимание кај присутните, кои со задоволство се фотографирале со неа пред стадионот.
I have the most handsome fans 🥰 pic.twitter.com/lS8KHb0zki
— Raissa Bellini (@raissabellinis) June 22, 2026
Сепак, на стадионот била малку попристојно облечена, во маица без ракави со длабоко деколте. Но, Раиса се најде на удар на критики од навивачите откако на социјалните мрежи се појавија фотографии и снимки.
Happy Father’s Day 😜 pic.twitter.com/8nCvo5AmxX
— Raissa Bellini (@raissabellinis) June 22, 2026
„Не смее така облечена да доаѓа на натпревари“, порачаа едни, додека други се жалеа поради присуството на деца.
„Родителите ги носат своите деца да гледаат натпревари. Треба да се забрани секоја форма на голотија внатре и надвор од стадионите.“
Имаше и такви кои се прашуваа како ѕвезда од филмови за возрасни воопшто добила дозвола за влез на стадионот.
На крајот, навивачи од повеќе земји порачаа дека во нивните држави таа би била уапсена доколку се појавела така облечена.



