„Не вперувам прст кон никого“, тренерот на Милан ги критикуваше играчите!
Д М4 ное 2019

„Не сум во лавиринт! Тимот расте. Битно е да се подобри моралот, но и екипата да даде се од себе. Патот е прав. Ние се боревме 95 минути. Момците не беа исплашени”.
Така започнува коментарот на тренерот на Милан Стефано Пиоли за „Скај“, кој потоа отворено го критикуваше Лео.
„Очекувајте повеќе од него! Треба да ни даде свежина. Има потенцијал, но требаше да направи повеќе. Не беше на висина на задачата”.
„Не сакам да вперам прст кон никого, но само со жртва и напорна работа се постигнува резултат“.
Пиоли зборуваше и за Ребиќ.
„Тој можеше да стори нешто повеќе на вториот гол на Лацио“.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



