SportM
Фудбал

„Не жалам што го одбив Ливерпул, го направив вистинскиот потег“

Д М10 јун 2020
„Не жалам што го одбив Ливерпул, го направив вистинскиот потег“

Максим Лопез ја помина целата своја фудбалска кариера досега во Марсеј, клуб од родниот град.

Стана омилен играч од средниот ред во младинскиот погон (каде пристигна како 12-годишник), а веќе извесно време се афирмира во првиот тим на Марсеј.

22-годишниот играч има голем потенцијал, поради што се верува дека Марсеј би можел да заработи добри пари од неговиот трансфер во иднина.

Веќе долго време има интерес од сите страни, уште од неговите тинејџерски денови. Така, самиот Лопез минатата година рече дека дознал за интересот на Барселона, поради што „излудил“ и испаднал од форма – па интересот исчезна.

Сепак, овој талентиран централен играч од средниот ред има повеќе од доволно време повторно да заблеска и да реализира голем трансфер – ќе му биде тешко на Марсеј да го задржи доколку пристигне конкретна понуда, а самиот Лопез сака да го напушти Велодром.

Сепак, Лопез не брза да го напушти Олимпик Марсеј, а сега зборува и за обидите на Ливерпул да го внесе, кога имал само 16 години.

Во разговорот со РМЦ Спорт, тој откри дека „Ливерпул направи се за да го донесе“. На крајот тој ја одби понудата на Ливерпул и рече: „Се двоумев навистина долго време, но денес не се каам за тоа. Го направив вистинскиот избор“.

Максиме Лопез беше префрлен во првиот тим на Марсеј на 16-годишна возраст.

Оваа сезона, младиот играч од средниот ред играше по принципот „топло-ладно“, под тренерскиот штаб на Андреа Вилас-Боас. Како и да е, тој собра 23 настапи во Лига 1 и забележа три асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.