SportM
Фудбал

Недостаток на спектакл: Реми без голови во дербито меѓу Галатасарај и Бешикташ

Д М15 мар 2020
Недостаток на спектакл: Реми без голови во дербито меѓу Галатасарај и Бешикташ

Дерби натпреварот од 26. коло од турската Супер лига помеѓу Галатасарај и Бешикташ заврши без голови.

Натпреварот се одигра без присуство на публиката, но со оглед на резултатот е извесно дека навивачите кои би дошле на натпреварот не пропуштиле многу.

Галатасарај беше многу доминантен на овој натпревар, но гостите на крајот успеаја да издвојат бод од овој натпревар.

Домашните имаа неколку добри шанси во првото полувреме, но не беа во можност да ја затресат мрежата на тимот на Бешикташ.

Фудбалерите на Галатасарај го зазедоа теренот уште порешително во второто полувреме, но на крајот нивниот напор не се исплати.

По овој натпревар Галатасарај е на третото место со 50 бода, додека Бешикташ е на петтата позиција со шест бода помалку.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.