SportM
Фудбал

Нејмар го собори рекордот на легендарниот Пеле и влегува во историјата

Д М22 сеп 2022
Нејмар го собори рекордот на легендарниот Пеле и влегува во историјата

На тренингот на бразилската репрезентација во средата, Нејмар се здоби со мала расекотина на десното колено, што ги загрижи лекарите во неговата репрезентација.

На крајот се покажа дека резот не е од сериозен карактер и дека Нејмар ќе може да настапи на пријателскиот натпревар што утре Бразил ќе го игра против Гана.

Тоа го потврди и селекторот на Бразил, за кого нема дилеми дека утре може да игра Нејмар, но што е уште поважно, фудбалерот има голем мотив на следните натпревари.

 

Оваа сезона, за разлика од досега, на Нејмар не му пречат повредите, па затоа игра одлични партии во дресот на Пари Сен Жермен. Така, Нејмар во досегашниот дел од сезоната има постигнато единаесет гола на единаесет одиграни натпревари во сите натпреварувања. Покрај тоа, тој забележа и седум асистенции.

Тој има посебен мотив да игра на претстојните натпревари, бидејќи има можност да го собори рекордот на легендарниот Пеле и да стане најдобар бразилски стрелец.

Имено, Нејмар е вториот најдобар стрелец на бразилската репрезентација со 74 постигнати голови, додека споменатиот Пеле постигна 77 гола и е најдобар стрелец во историјата на оваа репрезентација.

Нејмар во следните натпревари има шанса да се израмни, па дури и да го надмине Пеле и со тоа да стане рекордер, што би било навистина голема чест за него.

Бразил ќе одигра два пријателски натпревари, а за противници ќе ги има селекциите на Гана и Тунис кои и на тие средби ќе се обидат да постигнат добар резултат.

Двете репрезентации ќе учествуваат на Светското првенство кое годинава се игра во Катар и ќе се обидат да остварат добар пласман.

Бразил така е во групата Г, а тука се и репрезентацијата на Србија, како и репрезентацијата на Швајцарија и Камерун.

Од друга страна, Гана ќе има многу потешка задача од фаворизираниот Бразил, а се наоѓа во групата Х. Ним им се придружуваат Уругвај, Јужна Кореја и фаворитот во групата, репрезентацијата на Португалија.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.