Connect with us

Фудбал

Нејмар им објасни на сите зошто сакаше да се врати во Барселона ова лето

Објавено:

Бразилскиот фудбалер Нејмар направи се што може за да го напушти ПСЖ ова лето и да се врати во Барселона.

Нејмар пристигна во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра од Барселона, но сфати дека направил голема грешка. Бразилецот сакаше да се врати во Барса ова лето, но парижаните ги отфрлија сите понуди на каталонскиот клуб.

ПСЖ не сакаше да ја изгуби оваа битка и тие рекоа дека Нејмар едноставно не е на продажба. Бразилецот доби големи свирежи од навивачите на ПСЖ кои сигурно ќе го следат во текот на целата сезона.

Сепак, во интервју за магазинот „Отро“, тој објасни зошто сакал толку многу да го напушти ПСЖ ова лето и да се врати во Барселона.

“Кога не сте задоволни без разлика каква работа се обидувате да пронајдете некоја промена и ново место каде повторно ќе бидете среќни и задоволни. Ова е она што го пробав, но на крајот останав тука. Како што реков претходно ќе дадам се од себе во дресот на ПСЖ. Во ред сега и јас сум среќен. Ја започнав сезоната добро и тоа е најважното. Сакам да му помогнам на тимот да освои што е можно повеќе трофеи оваа сезона”, рече Нејмар.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама