Нејмар се опоравува: На терен за пет недели
Д М22 дек 2021

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар би можел да се врати на тренинзите за четири или пет недели, објави клубот во средата.
„Нејмар го продолжи лекувањето и неговото враќање на тренинзите се очекува за четири или пет недели“ , соопштија од „Паркот на принцовите“.
Тоа значи дека бразилскиот фудбалер ќе се врати на терените кон крајот на јануари или почетокот на февруари.
Нејмар се повреди во 87. минута од натпреварот против Сент Етјен на 28 ноември. Тој го напушти теренот на носилки.
Бразилецот оваа сезона постигна три гола, со исто толку асистенции, на десет натпревари од Лига 1.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



