Connect with us

Фудбал

Нејмар се враќа во Барселона?

Барселона е во резултатска криза, не ги обезбедува игрите на кои навивачите се навикнати, но без оглед на горенаведеното, Роналд Куман ја доби поддршката од претседателот Лапортa.

Лапорта исто така најави промени за лето, и како што пренесува угледната „Марка“, тој веќе започна разговори со Нејмар за можно враќање на Камп Ноу.

Доаѓањето на Меси, направи „гужва“ во нападот на ПСЖ, каде се уште ги има Мбапе, Нејмар, три sвезди и товар на платниот список без разлика колку е моќна касата на ПСЖ.

Лапорта рече дека Нејмар е расположен за понатамошни и поконкретни разговори и не ја крие желбата да се врати во клубот што го напушти во 2017 година.

Сето ова е на долг стап и во Барселона треба добро да размислат каков потег ќе направат, гледајќи ја моменталната финансиска конструкција, која не е баш прекрасна во каталонскиот гигант.

Моментално го подмладува тимот, но сите во клубот се свесни дека овие млади момци мора да имаат неколку искусни играчи и sвезда покрај себе, а Лапорта смета дека враќањето на Нејмар би било половина работа.

Сепак, целата приказна е на голема претпазливост бидејќи Бразилецот има важечки договор со ПСЖ до 2025 година.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама