SportM
Фудбал

Нејмар жали што не го напушти теренот кога се навреди на мечот со Марсеј

Д М11 дек 2020
Нејмар жали што не го напушти теренот кога се навреди на мечот со Марсеј

Бразилската sвезда Нејмар изјави дека требало да го напушти теренот кога беше расно навредуван од Алваро Гонзалес во француското дерби што се одигра во септември меѓу ПСЖ и Марсеј.

Неговите забелешки доаѓаат по инцидентот на дуелот на ПСЖ со Инстабул Башакшехир, кој ги принуди играчите да го напуштат теренот, а играта беше прекината откако четвртиот судија беше обвинет за употреба на расистички јазик.

Нејмар настанот во вторникот вечерта го поврза со септември, на кој беше навреден од Гонзалес и денес жали што не донесе иста одлука.

„Тоа е многу сериозно, многу деликатно прашање“, рече Нејмар.

 
„За жал, оваа ситуација се случи вознемирувачка, тоа ми се случи на почетокот на сезоната “, додаде Нејмар

„Знам дека не е нормално да се трпи дело или навреда поради бојата на кожата, поради вашата раса.Ние направивме многу добро што го напуштивме теренот, ова е она што треба да го направиме“, додаде тој по она што се случи пред неколку дена во Лигата на шампионите.

„Овој настан мина низ главата за прв пат и тоа е она што требаше да го сторам на натпреварот против Марсеј“, залучи Нејмар

По инцидентот на 13 септември, ниту Нејмар ниту Гонзалес не беа казнети од Комитетот на француската лига за наводните и расистичките коментари што ги користеа двајцата играчи за време на натпреварот на „Паркот на принцовите“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.