SportM
Фудбал

Некој нов пакет Реал Мадрид – Перез од 200.000.000 како совршена замена за тандемот Модриќ – Крос?!

Д М1 мај 2023
Некој нов пакет Реал Мадрид – Перез од 200.000.000 како совршена замена за тандемот Модриќ – Крос?!

Мадриѓаните подготвуваат реконструкција во средниот ред.

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид напорно работи на засилувања пред сезоната 2023/24.

Иако тимот се бори за трофеи во Лигата на шампионите и во Копа дел Реј, Флорентино Перез и неговата управа работат на потенцијални засилувања.

Прв во низата и понатаму е Џуд Белингем и се чини дека Англичанецот гледа кон Мадрид. Реал сака да ги искористи добрите односи со Борусија Дортмунд, но цената секако е превисока – 150 милиони евра.

Реал најверојатно ќе понуди 100 со бонуси и ќе го чека одговорот на Борусија. Додека ги чека „милионерите“, Перез веќе преговара со друга мета, талентираната Габи Веига.

Овој 20-годишник игра за Селта, тој е на мета на многу великани, но предност има Реал. Мадриѓаните се подготвени да платат околу 50 милиони евра за неговиот трансфер, со што би се осигурала неговата иднина, заедно со Камавинга, Валверде и Чуамени.

Секако, се очекува Лука Модриќ и Тони Крос да играат уште една сезона, а замени да бидат Белингем и Веига.

Тој пакет ќе чини близу 200 милиони евра, но Перез смета дека се работи за вистинска инвестиција. Веига има 20 години, Белингем 19, Камавинга 20, Валверде 24, Чуамени 23…

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.