Поврзи се со нас

Фудбал

Некој сè уште го сака Балотели: „Преговараме, не е сон“

Марио Балотели се уште е без клуб.

Балотели кариерата очигледно ќе ја продолжи во Бразил или Англија. Васко де Гама е заинтересиран за неговите услуги, и сега се поврзува со членот на англиското првенство Барнсли.

Васко де Гама тврди дека преговорите се во тек.

„Не е сон, тоа е нашата реалност. Работиме со менаџерот Раиол за да го донесеме Балотели “, изјави бразилскиот клуб.

Лошото момче на италијанскиот фудбал го имаше последниот ангажман во Бреша, но тој не се прослави и договорот му беше раскинат.

Сега се одржува во форма и чека нов потпис.

loading...

Facebook