SportM
Фудбал

Неколку добри и лоши вести за Реал пред Елче

Д М14 фев 2023
Неколку добри и лоши вести за Реал пред Елче

Фудбалерите на Реал Мадрид во среда го пречекуваат Елче во двомеч, а Карло Анчелоти најави промени во тимот.

Италијанецот откри дека Тибо Куртоа се уште е надвор од терените и нема да брани, додека Тони Крос ќе добие заслужен одмор поради болест. Сепак, добрата вест е што во тимот се враќаат Едер Милитао и Лукас Васкез.

„Куртоа почна да тренира денес и нема да игра во среда. Мислам дека ќе може да се врати викендот против Осасуна. Тони Крос исто така ќе го пропушти натпреварот во среда, додека Милитао и Васкез се враќаат“, рече Анчелоти .

Реал има императив да дојде до победа над последно пласираниот тим во Ла Лига, бидејќи Барселона има дури 11 бода повеќе, иако со меч повеќе.

Исто така, Анчелоти нема да може да смета на суспендираниот Винисиус Јуниор, кој ќе биде заменет со Родриго на левото крило.

Натпреварот Реал Мадрид – Елче е закажан за в среда од 21 часот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.