SportM
Фудбал

Неколку пати го спасуваа клубот, а сега им забија нож во грб

Д М30 сеп 2022
Неколку пати го спасуваа клубот, а сега им забија нож во грб

Барселона направи големи промени во играчкиот кадар ова лето, но се чини дека тие штотуку дури сега почнуваат.

Каталонскиот клуб летово донесе неколку големи засилувања откако успеа значително да се опорави финансиски во однос на изминатите две сезони.

Сепак, јасно е дека челниците на Барселона штотуку почнаа да прават промени во тимот и нивната главна цел е да се ослободат од играчите кои се на врвот на листата по заработка.

Шпанските медиуми пишуваат дека Лапорта и компанија веќе одлучиле кои играчи ќе ги продадат следната сезона, а меѓу нив се и оние фудбалери кои се стандардни во тимот повеќе од една година.

Каталонски Спорт објави дека Барселона официјално одлучила да не ја продолжи соработката со Жорди Алба и Жерар Пике и едногласно е донесена одлука овој двоец да ја напушти Барса на крајот од сезоната.

Челниците на Барселона се на мислење дека е дојдено време најстарите играчи во тимот лесно да си заминат од Камп Ноу, бидејќи оваа сезона почесто ја греат клупата отколку што играат.

Наводно, Барселона летово веќе им кажала на Пике и Алба дека најдобро е да бараат нов клуб, а Алба летово дури се договорил и на позајмица во Интер, но тој одбил и решил да остане.

Сепак, од друга страна, навивачите сметаат дека Пике и Алба не заслужиле ваков третман од клубот, бидејќи во изминатите две години со својот потег во преодниот рок ја спасија Барселона.

Благодарение на тоа што Пике и Алба се договорија за намалување на платата, Барса тогаш можеше да регистрира нови засилувања. Сепак, јасно е дека кај Лапорта тој „кредит“ е потрошен и дека веќе немаат оправдување да останат во клубот.

Исто така, покрај Пике и Алба се очекува клубот да го напуштат уште двајца искусни играчи, а тоа се Серхио Бускетс и Серхи Роберто.

Тие имаат договор со Барселона до крајот на сезоната и како што стојат работите нема да добијат понуда за продолжување на соработката. Интересно, тие се капитени на Барселона оваа година и по заминувањето на овие четворица играчи, Чави ќе треба да избере нови капитени.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.