Connect with us

Фудбал

Нема да игра само како десен бек: Чави има нова позиција за Дани Алвеш во Барселона

Дани Алвеш по шест години реши да се врати во Барселона.

38-годишниот Бразилец вчера и официјално беше претставен како ново засилување на каталонскиот клуб со кој потпиша договор до крајот на оваа сезона.

Многумина беа изненадени што Барселона му понуди договор на Алвеш кој е на залезот на кариерата, а тој неодамна го загуби клубот бидејќи го раскина договорот со Сао Паоло.

Сепак, Чави Ернандез верува дека Алвеш ќе биде големо засилување, а најмногу дека ќе биде одличен ментор за помладите играчи.

Покрај тоа, тренерот на Барселона е воодушевен бидејќи Алвеш е во одлична физичка кондиција и е подготвен за настап иако веќе има 38 години. Алвеш ќе има право на настап од 1 јануари кога Барса ќе може да го пријави за натпреварувањата во кои настапува.

Исто така, Алвеш се очекува да биде засилување на позицијата десен бек каде настапува Сергино Дест, но медиумите во Шпанија пишуваат дека ова не е единствената позиција што Бразилецот ќе игра во Барселона.

Ги одигра скоро сите позиции во Сао Паоло и одлично се покажа, а наводно Чави планира Алвеш да игра на десната крилна позиција додека Осман Дембеле не биде целосно подготвен за игра.

Алвеш изјави дека е пресреќен што се враќа во каталонскиот клуб, и дека ќе ја почитува секоја одлука на Чави и дека е свесен дека мора да се докажува на теренот за да ја има минутажата што ја сака.

Доколку Алвеш се покаже како засилување тогаш Барселона ќе има шанса да го продолжи договорот на уште една година на лето.

Исто така, Алвеш призна дека неговата главна цел е да игра што повеќе и да покаже дека не е за пензија и да се најде на списокот на селектор на Бразил за Светското првенство кое на крајот на следната година ќе се игра во Катар.

Реклама

Facebook

Реклама