SportM
Фудбал

Нема дилема на кој стадион има најдобра атмосфера: Трибините распукаа од силното навивање (ВИДЕО)

Д М22 апр 2022
Нема дилема на кој стадион има најдобра атмосфера: Трибините распукаа од силното навивање (ВИДЕО)

Има стадиони каде атмосферата е пеколна на секој натпреварот.

Додека кај некои клубови навивачите се будат само кога има дерби, на некои стадиони трибините се постојано полни, а атмосферата е пеколна.

Една од нив е култниот „La Bombonera“, од која ни доаѓаат неверојатни снимки за тоа што се случува со трибините додека продолжува навивањето на навивачите на Бока.

Имено, на социјалните мрежи почна да кружи видео како трибините на култниот стадион буквално се одвојуваат од силното навивање.

Навивачите на Бока се познати како најстрасните на светот, а благодарение на нив Ла Бомбонера го носи епитетот на стадион со најдобра атмосфера, што го покажуваат овие снимки.

Стадионот лоциран во Буенос Аирес има три скалести трибини, додека едната е рамна како зграда со поглед на улицата што е во близина.

Благодарение на својот необичен изглед, има совршена акустика, што го прави уникатен стадион во светот на фудбалот.

Изграден е во 1940 година. Досега е реновиран неколку пати, а сегашниот капацитет му е 57.000 седишта.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.