Connect with us

Тајмаут

Нема доволно пари од спонзори, па отвори профил на „OnlyFans“, на сајтот за возрасни уште една спортистка (ФОТО)

Олимписката шампионка во боб санкање Лиса Баквиц, одлучи да се приклучи на OnlyFans затоа што не заработуваше доволно пари само од спонзорства.

Баквитц освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година, а сега се обидува да освои уште еден на годинашното натпреварување во Милано-Кортина.

Но, растечките трошоци за учество, вклучувајќи плаќање за опремата и тимот, ја натераа да преземе други мерки.

Кога германскиот медиум Bild ја праша за одлуката да се приклучи на OnlyFans, таа рече: „Ова е најдоброто што можеше да ми се случи, бидејќи ми овозможува да го финансирам мојот тим.“

Таа е само една од многуте спортиски кои одлучиле да отворат профили на овој сајт за возрасни, се разбира поради пари. Луѓето на овој сајт плаќаат месечна чланарина од неколку десетици долари, за да можат да видат експлицитни фотографии или видеа од познати светски лица, кои таму имаат профили.