SportM
Фудбал

Нема крај на добрите вести за навивачите на Старата дама: Јувентус комплетираше уште два трансфери

Д М31 јан 2022
Нема крај на добрите вести за навивачите на Старата дама: Јувентус комплетираше уште два трансфери

Јувентус го направи својот најдобар јануарски преоден рок во последните 20 години.

Иако во пресрет на јануари Макс Алегри и Маурицио Аривабене велеа дека нема да има промени во играта на зимскиот трансфер пазар, сепак се случи спротивното.

Јувентус заврши навистина одлична работа. Душан Влаховиќ пристигна во петокот, а во последните часови од преодниот рок беше официјализиран уште еден дојдовен трансфер.

Нов играч на великаните од Торино стана Денис Закарија кој пристигна од Борусија Менхенгладбах и ќе го засили средниот ред.

Закарија утрово беше на лекарски преглед, а попладнето и официјално стана нов играч на Јувентус.

Јувентус го прими и младиот дефанзивец Федерико Гати, кој потпиша договор до 2026 година, но ќе остане на позајмица во Фросиноне до крајот на сезоната.

Тоа не е крајот на добрите вести за навивачите на Јувентус бидејќи Арон Ремзи го напушти клубот за да ја продолжи кариерата во Шкотска.

Ремзи веќе е на лекарски прегледи во Глазгов, по што следи потпишување на договор со Ренџерс.

Велшанецот до крајот на сезоната ќе игра за Ренџерс како позајмен играч, а дел од платата ќе му покрие Јувентус.

Претходно, Старата дама ја напуштија Родриго Бентанкур и Дејан Кулушевски. Нивната следна станица е Тотенхем.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.