SportM
Фудбал

Нема крај на кошмарот на Обамејанг

Д М17 дек 2021
Нема крај на кошмарот на Обамејанг

Габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг повторно ќе биде надвор од тимот.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета неодамна одлучи да го избрка капитенот Обамејанг од тимот затоа што „ја прекршил клупската дисциплина“.

Нема официјално објаснување зошто Артета ја донел оваа одлука, но се верува дека Габонецот задоцнил со враќањето од Франција каде ја посетил својата болна мајка, а на Инстаграм се појавила и фотографија од напаѓачот од салонот за тетовирање каде што се истетовирал.

Артета не гг стави во игра против Саутемптон, потоа го пропушти Вест Хем, а нема да игра викендов на натпреварот од англиската Премиер лига против Лидс.

Капитенската лента му е одземена и сега му припаѓа на неговиот офанзивен колега Александре Лаказет, а многумина веруваат дека Обамејанг во јануари ќе се обиде да го напушти северен Лондон.

Она што не му оди во прилог на 32-годишниот напаѓач е фактот што Арсенал забележа лесни победи во двата меча без него, прво 3:0, а таа и 2:0.

Арсенал моментално е четврти на табелата со 29 бодови и е во серија од две победи, а дуелот со Лидс се игра утре, по што „топчиите“ ќе гостуваат во Норич и ќе му гостуваат на Вулверхемптон до крајот на годината.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.