Нема крај на лошите веси за Серхио Рамос

Серхио Рамос едвај врза два натпревари во втората половина од сезоната поради повреда на коленото, а сега дозна и нови лоши вести.
Рамос беше опериран во коленото во јануари и се врати на теренот пред неколку недели, но повторно се повреди за време на мечот за репрезентацијата на Шпанија и се очекува да се врати на терените на крајот на овој месец.
Сепак, за капитенот на Реал Мадрид се чини дека нема крај на лошите вести бидејќи утрово беше потврдено дека тој е позитивен на коронавирус.
Рамос е веќе во изолација и што е најважно се чувствува добро и нема никакви симптоми.
За Рамос, повредата и коронавирусот се случија во најлош период кога тој треба да одлучи за својата иднина, односно да донесе одлука дали да остане или да ги напушти Кралевите на крајот од сезоната.
Comunicado Oficial: Sergio Ramos.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 13, 2021



