SportM
Фудбал

Нема „лабаво“ со Ибрахимовиќ, младиот дефанзивец на Милан го почувствува тоа на своја кожа

Д М15 јан 2021
Нема „лабаво“ со Ибрахимовиќ, младиот дефанзивец на Милан го почувствува тоа на своја кожа

Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ, иако е во доцните години на играње, сепак продолжува да игра одлични игри во дресот на Милан.

Покрај тоа што е задолжен за постигнување голови, Ибрахимовиќ е и човек кој дава критики, а младиот дефанзивец Пјер Калулу тоа најдобро го почувствува на својата кожа.

Овој млад фудбалер во Серија А одигра шест натпревари за миланскиот клуб, а дебитираше во декември минатата година. На своето деби, поради лошите временски услови, тој планираше да игра во ракавици.

Сепак, Ибрахимовиќ не му дозволи да го стори тоа, односно кога ги виде ракавиците на рацете пред натпреварот, му рече да ги соблече.

“Тој носеше ракавици, но јас му реков да ги соблече. Како може еден млад дефанзивец да дебитира во ракавици? На тој начин тој дефинитивно нема да ги исплаши напаѓачите”, изјави 39-годишниот Швеѓанец за “Кориере дело Спорт”.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.