SportM
Фудбал

Нема повеќе тајни: Халанд одлучи за кој клуб да потпише на крајот од сезоната

Д М12 мар 2022
Нема повеќе тајни: Халанд одлучи за кој клуб да потпише на крајот од сезоната

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд речиси сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд на крајот од оваа сезона.

Халанд се поврзува со многу европски клубови, а од неодамна најмногу се истакнуваат Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Норвежанецот многумина најмногу го поврзуваат со трансфер во каталонскиот клуб, но прашање е дали Барселона има доволно пари да го доведе Халанд, а јасно е дека многу клубови се во подобра ситуација од Барса.

Но англиските медиуми утринава направија вистински хаос со објавата дека Халанд веќе одлучил каде ќе ја продолжи кариерата и дека тоа нема да биде Шпанија туку Англија.

„Дејли мејл“ објави дека Халанд веќе некое време е во контакт со челниците на Манчестер Сити, како и дека се согласил кариерата да ја продолжи во дресот на клубот од „Етихад“.

Медиумите во Англија пишуваат дека преговорите се одвиваат одлично, и дека Халанд речиси ги договорил сите услови од договорот со Манчестер Сити и дека најверојатно ќе биде еден од најплатените играчи во светот.

Сити е решен да ја активира неговата клаузула во договорот со Дортмунд на лето, според која Халанд може да замине за 80 милиони евра, а единствено останува да договорат се со Норвежанецот, што очигледно за малку и го направиле.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.