„Нема шанси Салах или Мане да заминат во Реал или Барса“
Д М20 мар 2020

Мекманаман не верува дека можеме да ги видиме Мане или Салах во иднина со дресот на Реал или Барселона.
Садио Мане и Мохамед Салах се уште се поврзани со евентуален трансфер во Шпанија во Реал Мадрид или Барселона, но поранешната sвезда на Ливерпул, Стив Мекманаман смета дека нема шанси тоа да се случи.
„Реал Мадрид веќе го има Еден Азар, тие исто така го купија Родриго минатото лето и само што инвестираа во Рениер во јануари, така што не верувам во овие гласини“, рече тој.
„И Барса и Реал сакаат да доведат нови играчи затоа што двата тима имаа разочарувачка сезона, па ќе се обидат да ги обноват тимовите“.
„И покрај тоа, не верувам дека постои можност Садио Мане или Мохамед Салах да заминат во Реал Мадрид или Барселона“.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



