Неочекувана дестинација: Се ќе гори бидејќи Ванда и Мауро Икарди доаѓаат во градот

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди (29) во наредните денови ќе го напушти францускиот ПСЖ и ќе стане нов играч на турскиот гигант Галатасарај.
Клубот од Истанбул пред неколку дена испрати официјална понуда за позајмица на 29-годишниот напаѓач, а од Париз добија позитивен одговор и сега се работат на деталите од договорот.
Сето тоа го предводи големиот спортски директор на парижаните Луис Кампос. Тој сака да ги среди сите детали, а останува само да се договорат за евентуален задолжителен откуп на крајот од сезоната.
Францускиот весник L’Equipe тврди дека Мауро и неговата сопруга Ванда дале зелено светло да заминат во Истанбул. Ова на сите им ја олесни работата, а во наредните денови аргентинскиот фудбалер треба да отпатува за Турција.
Доаѓањето на Мауро и Ванда Икарди секако ќе предизвика големо внимание во Турција. Познато е дека навивачите на истанбулските гиганти пречекуваат големи ѕвезди, а бидејќи пристигнува и Ванда, дефинитивно ќе биде вистинско лудило.
Така во наредните денови ќе заврши сагата околу заминувањето на Мауро Икарди од ПСЖ. За тоа се зборува долго време, а тој конечно е подготвен да си оди бидејќи не е во плановите на тренерот Кристофер Галтие.
55-годишниот стручњак јасно му порача да бара нов клуб и дека нема место за него оваа сезона и Икарди реши да си замине.
Аргентинецот е член на ПСЖ од 2019 година. Прво пристигна на позајмица од Интер, но потоа неговиот договор беше откупен за 60 милиони евра.
Икарди одигра 92 натпревари за парискиот гигант и постигна 38 гола.
Пред ПСЖ, аргентинскиот фудбалер со години го носеше дресот на Интер каде што беше и капитен. Извесен период играше и за Сампдорија, а помина низ младинската академија на Барселона.



