SportM
Фудбал

Нереални сцени од Валенсија: Стадионот празен, а пред над 10.000 навивачи кои не сакаат да одат на трибините

Д М22 мај 2022
Нереални сцени од Валенсија: Стадионот празен, а пред над 10.000 навивачи кои не сакаат да одат на трибините

Валенсија вчера на домашен терен ја победи Селта Виго со 2-0 во последното коло од шпанската Ла Лига, а неверојатната сцена од овој натпревар го обиколи светот.

Валенсија ја победи Селта со гол на Гомез и автогол на Араухо, но сите останаа шокирани кога видоа дека овој натпревар се игра пред празни трибини и не им беше јасно што се случува на Местаља.

Преносот покажа дека на трибините речиси и да нема навивачи, но сепак се слушаше песната на навивачите на Валенсија и на многумина не им беше јасно за што се работи.

 

Сепак, набрзо потоа пристигна објаснување. Имено, пред Местаља имаше повеќе од 10.000 навивачи кои навиваа во текот на целиот натпревар, но одбиваа да влезат на трибините на својот стадион.

На овој начин тие го покажаа својот протест против сопственикот на клубот, Питер Лим и Меритон, кого со години се обидуваат да го натераат да го продаде клубот. Валенсија разочара и оваа сезона бидејќи остана без трофеи и пласмани во Европа.

 

Лилјаците завршија само на деветтото место и одамна се простија од борбата за Европа. Навивачите веќе не можат да издржат и тоа јасно го покажаа вчера.

Сцените пред стадионот на Валенсија го изненадија, но и го воодушевија фудбалскиот свет, а многумина изјавија дека навивачите на шпанскиот клуб покажале како се бори против сопствениците кои упорно одбиваат да си заминат, а резултатите од сезона во сезона се се полоши.

 

 

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.