SportM
Фудбал

Неуништливиот Абате се враќа во Италија?

Д М6 окт 2019
Неуништливиот Абате се враќа во Италија?

30-годишниот дефанзивец ги напушти редовите на Милан, поминувајќи ја скоро целата своја кариера на „Сан Сиро“, челниците на „росонерите“ решија да не го обноват неговиот договор на крајот на минатата сезона.

Абате, наводно, имал понуди од Катар и Саудиска Арабија во текот на летото, но ги одби затоа што сметаше дека сепак може да обезбеди игри на високо ниво.

Според извештаите на италијанските медиуми, по сериозната повреда на Запакоста, Рома е заинтересирана да го ангажира поранешниот играч на италијанската репрезентација.

Тој досега има одиграно 292 натпревари во Серија А, дали ќе може да стигне до триста останува да се види во наредните денови.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.