SportM
Фудбал

Неверојатен скандал, полиција во клупски автобус на фудбалски тим пронашла 86,5 килограми марихуана (ФОТО)

Редакција12 авг 2026
Неверојатен скандал, полиција во клупски автобус на фудбалски тим пронашла 86,5 килограми марихуана (ФОТО)

Неверојатна вест доаѓа од Јужна Америка, и тоа пред натпреварот од осминафиналето на Купот Судамерикана меѓу Боливар од Боливија и Сао Паоло од Бразил.

Натпреварот меѓу двата тима заврши со резултат 1:1, а пред натпреварот се случи голем скандал во кој интервенираше полицијата.

УАПСЕНИ ВОЗАЧИТЕ НА АВТОБУСОТ НА САО ПАОЛО СО ЌЕСИ МАРИХУАНА

Боливиските органи на редот го запреле автобусот на ФК Сао Паоло во близина на Кочабамба. Рутинската контрола многу брзо прераснала во сериозна акција. Полицијата во четири торби, кои биле скриени во автобусот, пронашла дури 86,5 килограми марихуана. Тројцата возачи веднаш биле приведени, а среќна околност за бразилскиот клуб е тоа што ниту еден од фудбалерите во тој момент не бил во возилото.

Компанијата „Buses Cosmos“, задолжена за транспорт на фудбалерите на Сао Паоло, морала експресно да реагира. Бил обезбеден друг автобус, додека возачите биле приведени и била покрената истрага за да се утврди од каде потекнувала дрогата и кому била наменета. Компанијата ја префрлила одговорноста на своите вработени, со порака дека клубот нема никаква врска со случајот.

Треба да се напомене дека Бразилците пред дуелот во Боливија се подготвувале во Санта Круз де ла Сиера поради големата надморска височина на која се наоѓа Ла Паз, каде што се одиграл наведениот натпревар.

На крајот, останува неверувањето како толкава количина наркотични средства воопшто можела да заврши во автобус ангажиран за потребите на еден голем фудбалски клуб. Истрагата ќе покаже кој стои зад сè, но едно е сигурно – ова е скандал кој уште долго ќе го следи Сао Паоло, иако клубот, според досегашните информации, нема никаква врска со заплената.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.