Connect with us

Фудбал

Неверојатна гледаност на натпреварот Јувентус – Милан во Италија

Фудбалот во Италија синоќа конечно продолжи по тримесечна пауза поради пандемијата на коронавирус.

Сезоната во Италија продолжи со возвратниот натпревар од полуфиналето на Купот, во кој се натпреваруваа Јувентус и Милан. Немаше голови на синоќешниот натпревар, а Јуве се квалификува во финалето поради гостински гол (1:1).

Љубителите на фудбалот во Италија едвај чекаа да продолжи сезоната, и покрај тоа што натпреварите ќе се играат пред празни трибини. Синоќешниот натпревар се емитуваше низ целата земја, а интересот беше неверојатен.

Италијанските медиуми пишуваат дека дури 8,2 милиони гледачи синоќа го гледале натпреварот помеѓу Јувентус и Милан во своите домови, а тоа, се разбира, се однесува само на територијата на Италија.

Ова најдобро покажува колку луѓето се желни за фудбал и уморни од постојаните приказни за пандемијата. Вечерва се игра вториот реванш во полуфиналето на Купот на Италија, а ќе се сретнат Наполи и Интер.