Connect with us

Други спортови

Неверојатна награда за олимпискиот шампион: Доби стан, 350.000 долари, бесплатни авионски билети и оброци до крајот на животот (ФОТО)

Филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло (24), кој освои два златни медали на Олимпијадата во Париз, доби херојски пречек во својата земја со бројни награди вредни повеќе од милион долари. Делегацијата на филипинските олимписки игри во Манила беше пречекана од многу фанови, како и претседателот на земјата Фердинанд Маркос Јуниор, кој на сите олимпијци им подари по еден милион пезоси (17.500 долари), додека Јуло беше единствениот кој доби 20 милиони (350.000 долари) за две злата и уште 100.000 долари од Претставничкиот дом.


Подароци на гимнастичарот  подарија и многу бизнисмени и филипински компании. Така, добил трособен стан во градот Тагуиг, два водечки превозници во земјата му ветиле бесплатни авионски билети доживотно, добил и разни козметички производи, бесплатни оброци, десерти, лекарски прегледи…

Локалната платформа за стриминг му овозможи доживотен пристап до целата нејзина содржина, а дарежливите награди беа објавени од неговиот роден град Манила. Јоло го освои златото во Париз на подот, а потоа и на сводот, а неговите медали се сметаат за најголем успех во историјата на Филипините, земјата која досега го освои единствениот златен медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година во кревање тегови. .