SportM
Фудбал

Неверојатна позадина на „Златната топка“ на Модриќ: Гласот му исчезна, можев да ги слушнам неговите солзи…

SPORTM.mk1 окт 2026
Неверојатна позадина на „Златната топка“ на Модриќ: Гласот му исчезна, можев да ги слушнам неговите солзи…

„Тоа е уникатно чувство и чест. Имам многу емоции кои тешко можам да ги изразам. Сите деца имаат соништа, мојот беше да играм во голем тим и да освојам трофеи. ‘Златната топка’ е повеќе од сон. Затоа е чест и привилегија да го добијам овој трофеј. Ако сум го освоил, тоа е затоа што направив нешто посебно оваа година.“

Ова беа емотивните зборови на Лука Модриќ, тогаш 33-годишен, во декември 2018 година, кога го доби трофејот кој го прогласи за најдобар играч во светот. Сега, речиси 8 години подоцна, Паскал Фере, поранешен директор на „Франс Фудбал“, раскажа за „RMC Спортс“ за позадината на тој издание и начинот на кој Модриќ ја дознал веста.

Околу две недели пред церемонијата, Фере го повикал Хрватот за да му го соопшти резултатот од гласањето. Во првиот повик, Лука не одговорил: „Повторно ме повика по пет или шест минути. И му соопштив дека победил. Му реков: Добредојде во семејството на Златната топка.“

Зборовите го потресоа Модриќ: „Потоа, немаше никого на другата страна од телефонот. Дури имав впечаток дека разговорот е прекинат. Имаше емотивна тишина, можев да ги слушнам неговите солзи. Потоа се прибра и ме праша дали е вистина. Му реков: Не зборувај за ова. Дали можам да и кажам на мојата сопруга, ме праша.“

Подоцна, Модриќ му раскажа на Фере што се случило: „Кога ме повика за да ми кажеш и не одговорив, не беше затоа што бев зафатен, туку затоа што го видов твојот број на екранот и знаев што ќе ми кажеш. Емоциите ме обземаа и не можев да одговорам.“

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.