SportM
Фудбал

Неверојатни сцени од Турција, Мохамед Салах се фотографираше седнат на карпа, местото брзо стана туристичка атракција (ВИДЕО)

Редакција21 сеп 2026
Неверојатни сцени од Турција, Мохамед Салах се фотографираше седнат на карпа, местото брзо стана туристичка атракција (ВИДЕО)

Карпата на која фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се фотографирал за време на одморот во Трабзон, Турција, стана необична туристичка атракција.

Фанови на Трабзонспор масовно доаѓаат на местото познато како „Салахташ“, односно „Каменот на Салах“, за да ја допрат карпата и да се фотографираат во истата поза.

Некои од посетителите дури ја бакнуваат карпата, а на местото е поставена и табла со името на атракцијата.

Поради зголемениот број посетители се создаваат сообраќајни гужви, а локалните продавачи почнаа да нудат храна и пијалаци.

Необичната атракција стана хит на социјалните мрежи и уште една потврда за популарноста на египетскиот фудбалер. Оваа ситуација не е нималку чудна, ако се знае какви фудбалски фанови се Турците. Имено, викендов што измина Трабзон славеше со 4:0 против големиот Галатасарај, а Мохамед Салах постигна хет-трик.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.